wordpress counter

Најоткачените диети на светот

Оваа статија ја посветуваме на најоткачените диети на светот. Од морето диети со кои сме бомбардирани секој ден, ние се решивме да ги одвоиме следните диети, како еден вид забавна страна на оваа приказна која е влезена во нашиот секојдневен живот.

Паразитска диета
Суштината на оваа диета е да проголтате тенија која ќе се насели во вашиот дигестивен систем и ќе ја апсорбира консумираната храна. Иако ќе ви се намалат килограмите, оваа диета е опасна по живот. Затоа, не ни е јасно како уште може да се споменува во светот на диетите.

„КЕН“ диета
„КЕН“ е кратенка од „Ketogenic Enteral Nutrition“, а суштината е дека во циклуси од 10 дена се храните само со цевка. На пример, во Британија можете да појдете на лекар, кој ќе ви продаде цевка која оди во носот (ќе ви ја вградат за истата цена), ќе добиете хранливи течности за 10 дена и треба да загубите 10% од телесната маса за 10 дена. Интересно е дека оваа диета добива на популарност!

Сончева диета
Потекнува од еден индиски гуру, кој наводно 70 години се хранел само со сончеви зраци. Според податоците, една жена во Швајцарија починала следејќи ја оваа диета.

Обратна диета
Ова е начин на исхрана, кој подразбира да ги измешате оброците. Така, појадокот ќе го јадете за вечера, а вечерата за појадок. Оваа диета во суштина не е лоша, со оглед дека промовира природна храна и не дозволува сол, шеќер и алкохол. Сепак, нам не ни е привлечна идејата наутро да јадеме нешто што се јаде навечер.

Секс диета
Многу едноставна диета. Секогаш кога ќе добиете желба за слатко – заменете ја со секс.

Палео диета
Концептот е да се храните онака како што се хранеле нашите предци во палеолитот. Значи – многу овошје, зеленчук и месо. Без житарки, шеќер, заситени масти, сол, квасец и да не набројуваме понатаму. Се надеваме дека знаете што имал палеолитскиот човек на располагање.

Related Posts with Thumbnails