wordpress counter

Најсекси вегетаријанци

НАЈСЕКСИ ВЕГЕТАРИЈАНЦИ

2008
Ентони Кидис и Леона Луис

Ентони стана вегетаријанец по советите на докторите и поради истребувањето на морскиот свет. Леона тврди дека има мисија – да ја спречи злоупотребата на животните во производство на гардероба.

2007
Кевин Јубенкс и Кери Андервуд

Кери не се дели од својата маичка „V is for Vegetarian“. Кевин, пак, е доказ дека откажувањето од месо не значи и губење на мускулите.

2006
Кристен Бел и Принц

Кристен Бел тврди дека од мала била обожавател на животни и на кинеска зелка. Принц е еден од најстрогите почитувачи на оваа исхрана и е славен од многу љубители на животни.

2005
Кери Aндервуд и Крис Мартин

За Кери веќе знаеме од претходните години, а Крис и неговата сопруга Палтроу се познати љубители на оваа кујна.

2004
Алиша Силверстон и Андре 3000

За Алиша овој избор е нешто најдобро што го направила во животот, а Андре како последна желба навел оброк од брокули бидејќи е вегетаријанец.

2003
Лорен Буш и Џош Хартнет

Внуката на Џорџ Буш веќе долго време е дел од кампањите за заштита на животните, додека Џош има последици од домашното сечење пилешко месо.

2002
Тоби Мегваер и Натали Портман

Престанал да јаде месо во 1992 година, откако сликата на убиени пилиња не му давала мир. Натали не само што не јаде месо, туку и ги избегнува сите продукти од животинско потекло.

Related Posts with Thumbnails