wordpress counter

Неделен храноскоп

Овен – oваа недела, на приватен и професионален план, ќе имате промени кои може да не бидат многу пријатни. Планетите исто така можат негативно да влијаат и во домот. Оваа недела ќе ве смири порција месо. Токму јадењата како јагнешка чорба, патка со портокал и свинско месо, може да започнат да ја подобруваат состојбата.

 

Бик – oваа недела ќе бидете позафатени од вообичаеното. Ѕвездите покажуваат дека ќе сакате да имресионирате некоја специјална личност. Ако можете, прашајте ги пријателите на таа личност дали има некои посебни правила во исхраната, секако, без да го откриете вашиот план. Потоа формулирајте едно мени како за крал/кралица. Користејќи свежи состојки, со вашето готвење ќе ги воодушевите сите. Размислете да ставите живи бои во порциите, со жолти- портокалови моркови, светло виолетови модри домати и смарагдно зелен босилек.

Близнаци – за вас претстои многу интересна недела. Ќе бидете бестрашни во битката за исполнување на вашите соништа. Некои од вас може да бидат многу инаетливи и тешки за компромис. Во тој случај, пригответе нешто што секогаш сите ги радува. Пастата е супер избор. Со едноставен, но вкусен црвен сос и форнаринки со путер и лук. Доколку сакате вашиот оброк да биде по несекојдневен, додадете артичоки и црни маслинки.

Рак – ќе бидете во центар на вниманието. Природно сте секогаш расположени за забава, па доколку ви треба друштво, можете да повикате гости на вечера. Изберете јадења кои одговараат на вашите заеднички интереси, како на пример кубанско мени, чоколадни стапчиња или најдобро направете повеќе мезиња од разновидна храна, од пилешки прсти до коктел сендвичи со краставица.

 

Лав – неделава, ѕвездите ќе влијаат на вашата карма, секс, а кај некои и на парите. За среќа, ќе можете секое недоразбирање со околината да го решите со добро подготвен оброк. Задржете се на ладни предјадења, како свежа туна салата, или грашок со гвакамоли и дајкон. Тоа значително ќе ви ги подобри одностите со пријателите.

 

Девица – ова ќе биде тешка недела за вас, бидејќи повеќе ѕвезди ќе се борат за доминација. Ќе се фокусирате на домашните и на пријателите. Целокупната финансиска состојба може да ви се промени. Затоа, држете се до поефтини рецепти со бургери или печено пилешко со грашок и пченка. Гледајте да не трошите многу пари на храна и да одберете јадење кое ќе ја задоволи вашата дневна потреба, а притоа нема да биде скапа.

Вага – оваа недела, планетите ќе се вртат околу куќата на вашата лична експресија, што значи дека е одлична недела да ги испробате рецептите кои веќе долго ги собирате. Ќе имате повеќе обврски со кои тешко ќе излезете на крај. Изберете ја омилената храна, како на пример порција ребра, пилешко со кнедли, свинско со сос од јаболко или тавче-гравче. Тоа ќе ги смири вашите нерви и ќе ви даде енергија да ја пребродите неделава.

Скорпија – неделава ќе се дружите со луѓе многу поразлични од вас. Време е да размислите каде сакате да патувате во иднина. Но, неделава, со мислите отпатувајте некаде преку некое јадење. Подгответе некое егзотично азиско или хавајско јадење.

 

 

Стрелец – пред вас се промени. Оваа недела ѕвездите ќе ве поврзат со вашите емоции преку храната. Можете да го промените вашиот живот само со менување на начинот на исхрана. Од губење килограми до регулирање на холестеролот, а притоа не морате да се откажете од вкусните јадења. Едноставно, исфрлете одредени состојки во вашата исхрана и тоа ќе биде доволна промена што треба да ја направите.

 

Јарец – оваа недела планетите ќе бидат поставени во куќата на работата. Поради тоа, ќе бидете под стрес на работа, што ќе доведе до прејадување и конзумирање на нездрава храна. Потрудете се кога ќе имате напад на грицкање чипсови и  други нездрави работи, да земете некое јабоко или морков. Најтешко ќе ви биде да ја одржите контролата навечер, па пригответе некоја салата која ќе ви ги одвлече мислите од фрижидерот.

Водолија – оваа недела сѐ ќе ви се врти околку комуникацијата. Ќе требате да направите отстапка во вашите верувања и во вкусот за храна. Изразете го вашиот карактер и став преку вашата кујна. Направете комбинација на храна која му одговара на вашиот карактер и остварете комуникација со луѓето преку храната.

 

Риби – планетите ќе направат да зрачите со посебна енергија, што ќе ви донесе многу среќа, внимание, а тоа ќе се изрази во вашето готвење. Направете го рецептот кој го посакувате веќе подолго време и колку да е комплициран, не се секирајте. Ќе испадне одлично. Повикајте пријатели дома и дозволете да ви даваат комплименти и да ви се восхитуваат.

Related Posts with Thumbnails