wordpress counter

Низ објектив: Како појадува светот?

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот. Оливер Шварцвалд, преку своите фотографии се обидува да ни покаже како изгледа овој оброк во различни земји во светот. Погледнете ги фотографиите кои раскажувааат една мала, вкусна приказна за првиот утрински оброк.

Британија


Тост, чај, грашок, колбаси и јајца. Ова е традиционален британски појадок кој се смета за еден од најмасните на светот.

Шведска


Швеѓаните се народ кој за појадок јадат риба. Можеби и затоа здравјето го служи овој скандинавски народ.

Франција


Корасан, кафе и цигара. Доброто здравје секако не го должат на оваа цигара, туку на чашата црвено вино и грозјето што ги консумираат секој ден.

САД


Традицоалниот појадок во САД би се состоел од сок, житарки и дебела палачинка со јаворов сируп.

Русија


Наутро, Русите вклучуваат и малку луксуз на трпезата. Станува збор за кавијар кој го има во изобилие во најголемата земја на светот.

Интернационален појадок


Традиционалниот појадок во повеќето земји опфаќа кафе, печива или двопек, варени јајца и различни намази и џемови.

А, ние прашуваме: што треба да содржи фотографијата со македонскиот типичен појадок?

Related Posts with Thumbnails