wordpress counter

Нова перспектива во фотографирањето на храна

Францускaтa фотографка Надеж Мерио го пренесе фотографирањето на храна на едно сосема поинакво ниво. Таа трансформираше продукти за да изгледаат како да се наоѓаат во седмиот круг на пеколот.

Во нејзините фотографии може да се види темната страна на храната, односно изгледа како да сме на излет во некој забранет свет. Како што вели таа: „Како што во бајките куќите се направени од слатки работи, во овие фотографии тоа што се јаде е претворено во живеалиште чија архитектура е составена од влакна, зеленчук и пропустливи материјали.

Целта на Мерио е да им помогне на гледачите да ја погледнат секојдневната храна од една сосема поинаква перспектива. Целта е да му се овозможи на гледачот да влезе во фотографијата на истиот начин како што тој ја допира или вари храната која ја внесува во организмот. Но ако гледате внимателно секогаш ќе забележите дека постои излез, односно можност да се побегне.

Француската фотографка одбива точно да каже која храна се наоѓа на кој фотографија, но ако внимателно гледате ќе забележите леб, лубеница, пилешко месо, мисирка, јајца.

Related Posts with Thumbnails