wordpress counter

Нови изуми – уред за вдишување на храна и амбалажа за јадење

Неодамна ве информиравме дека американскиот научник Дејвид Едвардс и францускиот дизајнер Филип Старк направиле алкохолен спреј кој со едно прскање прави да се чувствувате опиени. Денешната статија ја посветуваме на уште два нови изуми на Едвардс.

„Le Whaf“ – уред за вдишување на храна
Овој изум е наменет за сите оние кои постојано ги бројат калориите. Со помош на овој уред, дело на Едвардс и францускиот кулинар Марк Бретијо, ќе можете да го ограничите внесот на калориите. Поточно, станува збор за еден вид сад во кој храната која сакате да ја консумирате се испумпува во вид на гас. Единствено што треба да направите е да го голтнете чадот и ќе го почувствувате вкусот на она што сте сакале да го консумирате. Интересно е дека на овој начин внесувате многу малку калории, што во превод значи може да јадете колку сакате. Овој уред користи посебни кристали и звучни бранови за да се создаде гас од храна. Ќе се продава по цена од 6.100 денари.

„WikiCells“ – амбалажа што се јаде
Причината за оваа амбалажа е да се намали употребата на пластиката и загадувањето на животната средина. Оваа амбалажа е направена од природни хранливи мембрани, кои се поврзани со електростатски сили. Затоа, оваа амбалажа може да се јаде. Кога ќе купите шише вода, откако ќе ја испиете водата, можете да го каснете и шишето ако сте гладни. Според иноваторите, во иднина луѓето ќе може сами да си ја произведуваат оваа амбалажа со помош на „WikiCell“ машината.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Идеална тура за сите бајкери – гурмани (1 дел)

Во последно време, многу луѓе го планираат својот одмор како гурманско патување. Денешната статија е посветена токму на таков тип...

Close