wordpress counter

Објавена книга со омилени рецепти на починати ѕвезди

Неодамна, во САД беше објавена книгата „The Dead Celebrity Cookbook“, која содржи рецепти од омилените јадења на познатите ѕвезди кои повеќе не се меѓу нас. Иако се знае многу за нив, нивните гастрономски навики и вкусови често беа непознати за пошироката јавност.

Во книгата може да се дознае дека Елизабет Тејлор обожувала пилешко месо со авокадо, додека Кетрин Хепберн не можела да си го замисли денот без чоколадни колачиња. Слатката пита со компири е заштитен знак за Мајкл Џексон, јагнешкото на скара за Френк Синатра, а питата со пилешко била омиленото јадење на Патрик Свејзи.

Инаку, книгата е дело на авторот Франк Декаро, кој рецептите ги собирал цели 15 години, истражувајќи ги старите списанија. Книгата содржи рецепти од омилени јадења на повеќе од 140 филмски, тв и музички ѕвезди. Декаро се решил на овој потег со цел луѓето повторно да ги откријат своите подзаборавени ѕвезди, чии големи фанови биле некогаш.

Related Posts with Thumbnails