wordpress counter

Очила од стари буриња за виски

Американската фабрика „Shwood“, која се занимава со производство на очила за сонце, позната е по употреба на рециклирани материјали при изработка на рамките за очила.

Сега, овој производител ги здружи силите со дестилеријата „Bushmills irish Whiskey“ и бостонскиот трговски синџир „Bodega“, со цел да направат уникатна и секако лимитирана колекција од 100 очила за сонце.

Рамките на овие очила се изработени од даб стар преку 100 години, поточно од дабови буриња стари преку 100 години. Овие буриња некогаш се користеле за чување на вино, а денес се моден додаток на сите оние кои се грижат за животната средина.

Дека овие модни додатоци се популарни, зборува и фактот дека сите примероци се веќе распродадени.

Related Posts with Thumbnails