wordpress counter

Омилените ресторани на Гвинет Полтроу

Гвинет Полтроу е една од најдобрите англиски актерки. Покрај актерство, нејзина втора окупација е храната. Токму затоа, решивме да ги претставиме нејзините омилени ресторани.

Baboo“, Њујорк
Се наоѓа во Гринвич Вилиџ и ова е место каде започнува кариерата на Марио Батали. Ако не можете да резервирате место, секогаш постои можност да се напиете и да каснете нешто „од нога“ на шанкот.

City House“, Нешвил
Познат по својата сицилијанска кујна, овој ресторан ќе ве освои со јадења како супа од грав и пекорино или пченкарен леб. Секако и одлично италијанско вино.

Chisou“, Лондон
Гвинет  ја обожува едноставноста на овој јапонски ресторан. Покрај неизбежното суши, тука се нудлите, салатите и супите.

Tapas24“, Барселона
Во овој шпански ресторан Гвинет секогаш доаѓа кога сака да се присети на своите тинејџ години кои ги поминала во Шпанија и да ужива во пататас бравас или во крокети со ибериска шунка.

Dar Marjana“, Маракеш
Овој ресторан е сместен во „ријад“, традиционална мароканска куќа која има прекрасна градина и централен двор со зелени и бели плочки. Препорака од Гвинет: пита од гулаби.

Related Posts with Thumbnails