wordpress counter

Откриен нов афродизијак

Питата од тиква е новиот афродизијак кој го открија научниците. Освен што го задоволува сетилото за вкус, мирисот на печена тиква афродизијачки делува врз машкиот пол.

Центарот за истражување на мириси и вкусови од Чикаго, го испитувал делувањето на 40 различни ароми врз протокот на крв во машкиот полов орган. Според добиените резултати, токму мирисот на печена тиква го зголемил тој проток за цели 40%.

Освен што мирисот на тиква делува стимулативно на либидото, семките од тиква исто така ја зголемуваат потенцијата кај машките. Покрај тиквата, силна реакција врз либидито предизвикале и мирисите на ванила и јагода. Сепак,  според резултатите од истражувањето, насилно влијание има комбинацијата од тиква и лаванда.

Related Posts with Thumbnails