wordpress counter

Оживеа Одри Хепберн

Една од најубавите холивудски актерки, Одри Хепберн, „оживеа“ во реклама за чоколадо. Станува збор за тв реклама за чоколадото „Галакси“.

Во рекламата може да ја видиме Одри Хепберн која копнежливо гледа во чоколадото кое е во нејзината чанта. Дејствието е сместено во педесеттите години на брегот на Италија. Во еден момент, автобусот со кој патува мора да застане, а нејзе ја поканува момче со свое возило за да ја пренесе. Таа прифаќа, седнува на задното седиште на автомобилот и ужива во чоколадото со преубавиот пејсаж на италијанското море.

Нејзините синови веруваат дека таа би била среќна со оваа реклама, особено што тоа ѝ било едно од омилените чоколади. Актерката стекна светска слава со филмовите „Појадок кај Тифани“ и „Празник во Рим“. Почина во 1993 година, на само 64 години, од редок вид на канцер.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Агресивниот канцер не сака растенија и плодови

Веганите и вегетаријанците промовираат стил на исхрана која подразбира да не се консумира месо и производи од месо. Најновите истражувања...

Close