wordpress counter

Пиво „Игра на тронови“

Американската телевизиска мрежа „HBO“ објави дека започнува соработка со малата њујоршка пиварница „Ommegang“. Станува збор за производство на пиво со теми од оваа ултра популарна серија.

Првото пиво во серијата на производи е наречено „Iron Throne Blonde Ale“ и ќе биде пуштено во продажба токму на денот на премиерата на третата сезона – 31-ви март 2013 година. Пивото ќе се продава во амбалажа од 750 милилитри и ќе чини околу 400 денари. Следното пиво од серијата треба да се појави во текот на септември.

Интересно е дека ова не е прв необичен маркетиншки чекор кога станува збор за сериите на „HBO“. Минатата година беше издадена книгата готвач за „Игра на тронови“, а излезе од печат и книгата готвач за серијата „Вистинска крв“.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Најнови трендови во дизајн на кујните

Основната идеја на кујната како простор за приготвување на храна присутна е и во најновите концепции, но дизајнот на елементите,...

Close