wordpress counter

„Плива“ со iPhone апликација

Prehrana po bolestima
Категорија: Lifestyle
Објавена: 09 декември 2010
Продавач: PLIVA Hrvatska d.o.o.
Верзија: 1.1
Јазик: хрватски
15.7 MB

ПРЕЗЕМИ

Барања: Комапaтибилен со iPhone, iPod touch и iPad. Потребен е iOS 3.0 или понова верзија

Хрватскиот фармацевтски гигант „Плива“, неодамна објави дека нивниот тим направил и пуштил бесплатна апликација за „Apple“ уредите. Апликацијата се однесува на категоријата здравје и ги содржи сите неопходни информации кои ќе ни помогнат како да се храниме доколку боледуваме од некоја болест.

Оваа прва верзија има мени кое има неколку табови. Покрај уводот и начинот на користење, можете да ја најдете болеста која ве мачи вас или некој од вашите блиски родини или пријатели. Откако ќе ја најдете конкретната болест која е детално објаснета, можете да го разгледате списокот на продукти кои смеат да ги консумираат заболените. Секој од продуктите е детално опишан.

Интересно е дека, согласно претходните упати, имате и опција за избор на неделно мени кое е комплетно направено според потребите на лицата заболени од конкретна болест. Ова мноштво на информации е надополнето и со бројни рецепти.

Овој потег на „Плива“ е вистински начин како модерните компании ги користат сите можности за свое промовирање. Веруваме дека и македонските компании конечно ќе се разбудат од сонот наречен традиционално работење и ќе започнат да ги користат сите можности што им ги нуди светот на технологијата и ќе станат подостапни за своите сегашни и идни купувачи.

Related Posts with Thumbnails