wordpress counter

Понуда за брак со храна и пијалак (2 дел)

Во првиот дел од статијата споменавме некои интересни и креативни начини да му понудите брак на својот партнер. Денес ќе го надополниме тој список на предлози. Останува и вие, со вашата имагинација, да го направите ова на најдобар можен начин.

• Купете колачиња со порака. Отстранете ја порака која ја има и ставете ја вашата порака. По романтичната вечера, подарете ѝ ги колачињата и на врвот нека биде вашето посебно колаче.

• Чоколаден спа третман. Договорете чоколаден спа третман и откако ќе заврши, подарете ѝ го нејзиното омилено чоколадо заедно со порака која таа долго ја очекува.

• Купете некој нејзин омилен производ и отстранете ја етикетата од него. Направете нова, која меѓу другото ќе ја содржи и вашата понуда за брак.

• Одберете го нејзиниот омилен пијалак и во него ставете порака. Кога ќе го види, само кажете ѝ дека тоа е некаква ограничена серија. Ќе биде нестрплива да ја прочита пораката.

• Однесете ја на патување во земја чија храна таа ја обожува. Другото го оставаме на вашата имагинација.

Related Posts with Thumbnails