wordpress counter

Попинатор – уред кој ги лансира пуканките директно во уста

Ако барате некој позабавен начин да јадете пуканки, компанијата „Popcorn Indiana“ направи еден навистина посебен уред. Станува збор за „Попинатор“, машина која според определна гласовна команда ги лансира пуканките во вашата уста.

Креаторите на овој уред сакале да внесат дополнителна забава во начинот на кој луѓето консумираат пуканки, кои се една од омилените грицки на светот. Оваа машина има квадратест облик и има склад за определна количина пуканки. Секој пат кога ќе речете „поп“, уредот препознава од каде доаѓа гласот и ја лансира пуканката во правец на вашата уста. Според иноваторите, овој уред е особено добар ако играте видео игра или гледате филм.

На видеото подолу видете како функционира „Попинатор“:

Related Posts with Thumbnails