- Гурман™ - http://gurman.mk -

Поради љубовта кон храната не можела да стане мајка

Со 30 години и 166 килограми, Жаки Мекој била очајна и депресивна. А, за да ѝ биде уште потешко, лекарите ѝ кажале дека не може да остане бремена поради големата тежина. Но, желбата да стане мајка била посилна од сè. За кратко време успеала да дојде до 67 килограми.

Се пријавила во тв шоуто „Extreme Makeover: Weight Loss Edition“ и набрзо станала рекордер по остварените резултати. Телевизиската станица која го емитува шоуто ја наградила со 50.000 долари. Сепак, лошата исхрана и нездравиот начин на живот оставиле трага. Поради нарушените метаболитички процеси, таа не може да остане бремена по природен пат. Останува можноста за вонтелесно оплодување.

Покрај можноста да стане мајка, кај Жаки се врати ведрината и желбата за живот кои претходно ги немало. Признава дека било тешко да го смени своето тело, но била решителна и успеала да се избори. Сега, наместо огромни порции брза храна, сладолед, чипсови и газирани пијалаци, на менито се здравата храна и свежо приготвените оброци.