wordpress counter

Практични подароци за свадба

Кога ќе нѐ поканат на свадба, една од првите работи што ни текнува (покрај тоа што ќе облечете) е што ќе подарите. Ова прашање е секогаш проблематично и често не знаете што да купите или сте нерешителни. Ние во оваа статија ви предлагаме неколку кујнски подароци со кои никогаш нема да погрешите.

Апарат за кафе


За овој апарат барем ќе бидете сигурни дека се употребува. Имате безброј опции, во зависност од вашите можности и колку идниот брачен пар ужива во кафето. Опсегот се движи од обичен апарат за филтер кафе, кој чини околу 1.000 денари, па сѐ до професионална машина, која може да чини и 30.000 денари.

Блендер


Блендерот е машина која особено денес е неизоставен дел на семејното живеење. Во него може да подготвите буквално секаков тип на храна. Сигурни сме дека младиот брачен пар ќе ви биде благодарен за овој подарок. И тука асортименот е огромен и се движи од 3.000 па сѐ до 40.000 денари.

Сад за готвење


Интересен апарат со голема употребна вредност. Овозможува готвење на секаков тип на храна и тоа со варење на пареа. Тоа претставува една од најздравите техники на приготвување на храна. А, цените се движат од 3.000 денари, па нагоре.

Електричен апарат за ориз


Ова би бил интересен подарок за секој пар кој ужива во посебни видови храна. Со него може да се подготви ориз, рижото, да сварите тестенини или компири. Исто така, овозможува подготовка и на течни јадења како супи и чорби. Цената на овој модел е околу 10.000 денари.

Related Posts with Thumbnails