wordpress counter

Произведен сладолед за кучиња

Наместо вообичаените десерти за кучиња, отсега во текот на врелите летни месеци ќе можете да го почестите и вашиот љубимец со сладолед. Веруваме дека оваа вест ќе ги израдува сите што имаат вакви домашни миленичиња.

Италијанската фабрика која се занимава со производство на сладолед „Icebau“, произведе сладолед кој не содржи млеко, јајца и шеќер и затоа е мошне погоден за сите кучиња. Интересно е дека овој сладолед може да го косумираат сите луѓе, а особено добро ќе им дојде на сите кои се алергични на млеко или јајца.

Цената му се движи од 2-2,5 евра, а вашето куче ќе може да избира помеѓу вкусовите на ванила, ориз или јогурт.

Related Posts with Thumbnails