wordpress counter

Редизајн на Хајнекен

Хајнекен, деновиве, прави редизајн на својот најпознат бренд. Покрај пивото, луѓето во Хајнекен се решија да го намалат и бројот на шишиња со различни зафатнини. Така, наместо 15, во употреба остануваат само 5 амбалажи со различен волумен.

Редизајнот ги опфаќа испакнатите делови на грлото и задниот дел од шишето, кои ќе претставуваат знак за автентичност и квалитет. Новините ќе станат дел и од лименките пиво. Покрај испакнатите делови, лименката ќе ја красат и букви кои ќе бидат опипливи. Тоа ќе создаде и попријатно чувство при држење на омиленото пиво.

Менаџерот за дизајн на Хајнекен, Марк Ван Итерсон, смета дека со редизајнот Хајнекен уште повеќе ќе се засили како бренд. Новото шише ќе се појави на почетокот од следната година, првин во Европа, па потоа и на другите светски пазари.

Related Posts with Thumbnails