wordpress counter

Реклами од кои славните се срамат

Повеќето од познатите и славни личности во минатото учестувале во проекти и реклами од кои денес можеби се срамат. Со оглед дека многу од нив го направиле тоа за да преживеат во деновите кога сѐ уште никој немал слушнато за нив, сепак ги оправдува тоа што го направиле. Како и да е, овие реклами останаа да нѐ расположат, да не насмеат, или едноставно да фатиме сеир.

Орсон Велс
Нарачател: Фундус, САД
Производ: замрзнат грашок

Малку е тажно кога човекот кој ја испаничи цела Америка кон крајот на триесетите години од минатиот век со својот радио серијал „Војна на световите“ и човекот кој го создаде „Граѓанинот Кејн“, ви раскажува за замрзнат грашок, хамбургери и риба. Настрана одвратниот текст во рекламата. Но, едно ќе признаеме – човекот имаше прекрасно длабок глас.

Џејсон Александер
Нарачател: МекДоналдс, САД
Производ: Мек Л.Т

Еве една масовна презентација на храната на МекДоналдс и тоа под водство на популарниот Џорџ Зајнфилд. Можеби во 80-тите ова изгледало симпатично, но денес е реклама која никој не би се осудил да ја сними.

Мајкл Џ. Фокс
Производ: јапонска сода на база на чај

Сите знаеме дека Мајкл е авантуристички тип, но ова е премногу и за него. Замислете го Мајкл со нервозен израз на лицето, како продава сода на база на чај и го брка непозната огромна жена поради неговото ремек дело – мече направено од зеленило. Така некако би го опишале на кратко овој спот.

Related Posts with Thumbnails