wordpress counter

Ресторани и барови започнаа прослава на смртта на Осама Бин Ладен

По веста за смртта на Осама Бин Ладен, некои ресторани и барови низ светот започнаа со прослава и со понуда со специјални менија и пијалаци. Во некои ресторани во Далас, дури морало да се резервира за да се испие славеничкиот шампањ. Погледнете како се прославуваше смртта на Бин Ладен во САД.

Чикаго, Илиноис
Ресторанот „Filter“ нуди нешто што се нарекува „Bin Laden’s Remains“ со „Freedom Fries“ како бесплатен додаток.

Портланд, Орегон
„Pix Patiserrie“, вчера, во текот на целиот ден, нудел половина чаша шампањ бесплатно.

Синсинати, Охајо
Џеф Руби, сопственик на ресторан, нуди една чаша шампањ на секој свој гостин, сѐ до петок. Тој пијалак е во чест на американските оперативци и добро завршената работа. Инаку Џеф Руби поседуваше пловечки ресторан, кој се удри во мост додека 80 гости вечерале. Но, за тоа во некоја следна прилика.

Чикаго, Илиноис
„Beer Bistro“ во Чикаго нуди гратис пиво Dead Guy Ale“ (името на пивото одговара на настанот) по принципот „кој колку може да испие“. Со напомена дека акцијата трае додека има залиха.

Сиетл, Вашингтон
Еден бар во Сиетл нуди специјално кафе „Osama Bin Laden shot in dark“ по цена од сaмо еден долар.

Чикаго, Илиноис
Барот „Uncle Fatty’s Rum Resort“ прави забава на 6-7 мај (што се поклопува со нивната забава по повод тригодишнината од постоењето), каде ќе се служат коктелите The Floating Terrorist“ и „Osama bin shot“.

Related Posts with Thumbnails