wordpress counter

Ресторански стереотипи

Честопати се случува персоналот да има стереотипи кон определена категорија гости. Тие стереотипи се однесуваат на начинот на плаќање, однесување, барање на дополнителни услуги и слично. Сега ќе наведеме неколку стереотипи за кои персоналот на рестораните тврди дека се вистинити.

Ако гостите на една маса се група жени, тогаш тие сакаат засебни сметки. Но, доколку тоа се група повозрасни жени над 55 години, тогаш покрај засебните сметки треба да бидат подготвени за жалби на сѐ и сешто во текот на вечерта.

Ако гостинот изгледа како да има болест поврзана со храна, тогаш сигурно ја има. Особено моделите и „wannabe“ моделите ја претураат храната по чинијата со часови и откако ќе завршат веднаш се упатуваат кон женскиот тоалет.

Ако имате европски акцент, тогаш давате малку бакшиш. Максимум до 10%.

Ако сте млад пар, излезени на состанок, тогаш ќе порачате нешто од поефтините специјалитети. Иако, половина час ќе се мислите што да порачате.

Ако имате алергија на некој вид храна, нема да престанете да зборувате околу тоа. Секој пат кога ќе донесеме нешто на масата, вие ќе прашувате дали знам дека некој од гостите има алергија на храна.

Доколку сте жена со висока позиција во кариерата и организирате бизнис вечера, оставате помалку бакшиш во споредба со мажите на висока позиција. Никој не дознал зошто е тоа така.

Related Posts with Thumbnails