wordpress counter

Роботи наместо келнери

Дека кинезите напредуваат на сите полиња, познато ни е на сите. Но, оваа вест дефинитивно е пример за тоа во кој правец една земја треба да се движи. Во кинеската покраина Шандонг е отворен првиот ресторан во кој е применета ултра напредна технологија.

Гостите ги служат 4 автоматизирани келнери, а ги пречекуваат двајца роботи домаќини. Масите и столчињата во ресторанот Dalu Rebot се поставени кружно, со цел да се олесни движењето на роботите.

За оваа технологија заслужни се две кинески компании, кои во наредните месеци планираат да претстават уште понапредни модели. Модели кои ќе може да примаат и жалби и пофалби од гостите. Ако овој потег добие на популарност, уште една професија ќе згасне набргу.

Related Posts with Thumbnails