wordpress counter

Што јаде светот?

ГЛАДНА ПЛАНЕТА - ШТО ЈАДЕ СВЕТОТ

ГЛАДНА ПЛАНЕТА: ШТО ЈАДЕ СВЕТОТ
Автори: Петер Менцел и Феит Д’алузио
Издавач: Ten speed press

Не станува збор за книга готвач, туку книга која ни презентира што и на кој начин светот јаде и тоа низ едно патување со прекрасни фотографии. Станува збор за хроники на авторите Петер Менцел и Феит Д’Алузио, кои во ова дело ни приближуваат 30 семејства во 24 земји кои споделуваат со нас преку 600 видови на јадење.

Освен прекрасните фотографии, во оваа книга ќе наидете и на одлично интерпретирани приказни за семејствата и специфични јадења кои нема да ве остават рамнодушни, а повеќето од вас ќе ве натераат веднаш да се обидете да ги подготвите.

Неверојатниот спој на слика и приказна, што е нешто што се очекува од овој пар без исклучок, за момент ќе ве однесат во некој друг свет, поубав свет, свет на храната и задоволството. Со еден збор, ова ремек дело е еднa од оние работи кои се must-have.

Related Posts with Thumbnails