wordpress counter

Што открива за вас вкусот на сладолед кој го сакате?

Кога станува збор за сладоледот, отсекогаш постоела дилема – ванила, чоколадо или јагода? Ако мислите дека тоа е само прашање на вкус – се лажете. Неодамнешните истражувања покажуваат дека постои поврзаност помеѓу нашата личност и вкусот на сладолед кој го одбираме.

Чоколадо
Љубителите на овој сладолед се повлечени луѓе кои сакаат да одат по полесниот пат. Тие се внимателни слушатели, па затоа имаат многу пријатели. За разлика од оние кои ги сакаат другите вкусови, поклониците на чоколадата обожуваат уметност, рок музика, филмови и гледање телевизија.

Ванила
Овој тип на луѓе не се плашат од никакви проблеми и предизвици, особено на работното место. Сакаат класика, без оглед дали станува збор за музика, историски случувања или документарни и играни филмови. Речиси секогаш, кога е храната во прашање, ќе се одлучат за покласични вкусови наместо новите продукти.

Јагода
Оние кои ја одбираат јагодата се помалку срамежливи но и многу лојални личности. Секоја работа секогаш ја сфаќаат озбилно и важат за одлични работници.  Амбициозни се и поставуваат високи стандарди. Слободното време го користат за сурфање по нет, дружење и консумирање на R&B.

Related Posts with Thumbnails