wordpress counter

Што зборува за мажот јадењето што ќе го нарача?

Интересно е дека нарачката која ја правиме во рестораните може да открие делови од нашата личност. Денес ќе се обидеме да објасниме кое јадење што кажува за мажот кој го нарачува.

Бифтек
Ако мажот нарача бифтек, тоа значи дека се обидува да биде секси. Особено ако му дава прецизни упатства на келнерот како треба да биде приготвено јадењето. Ако сте вегетаријанец, ова јадење може да ви пречи.

Риба
Мажот кој ќе нарача риба има самодоверба и се чувствува пријатно во својата кожа. Сака убави работи и води сметка за своето здравје. Но, не претерува во тоа.

Мексиканска храна
Шармантен, интересен, фасцинантен… веројатно со нетрпение чекате да водите љубов со него.

Кинеска храна
Ако мажот ви предложи кинеска храна, тогаш најверојатно станува збор за маж со многу фантазија. Секако, внимавајте на замките. Ако ве повика во некој кинески ресторан за кој никој не слушнал и се наоѓа на периферија, тогаш можеби има семејство или е зафатен.

Салата
Тоа значи дека е космополит и мошне интелигентна личност која знае што сака. Сепак, тоа може да значи и дека ќе си имате една досадна вечер.

Пилешки медалјони
Син на мама. Спасувајте се што поскоро.

Тестенини
Ако нарача шпагети со морски плодови може да е само „позер“. Ако нарача „Болоњезе“ или њоки со сирење, вие сте во друштво на едноставен маж, полн со разбирање.

Хамбургер
Станува збор за реален маж. Тој има добар вкус и знае што сака. Бргу можете да го запознаете и со вашите родители.

Суши
Интелектуалец во буквална смисла на зборот. Има култура на порачување во ресторан, ги знае сите оригинални имиња на специјалитетите, а можно е и да се познава со главниот готвач.

Ребра
Доминантен, мачо маж. Тој најверојатно е веќе сит, но тоа вешто го крие. Овој маж е гласен, нестрплив, бон-тонот му е непознат збор. Салатата пред главното јадење нема ни да ја погледне.

Пица
Ако сте во пицерија, изборот е логичен. Но, ако сте во ресторан, а тој одбере пица или виенска шницла, тоа значи дека нема некои високи цели во животот. Кога ќе ве испрати, ќе продолжи со другарите на пинг понг и некаде по пат ќе го загуби вашиот број на телефон.

Related Posts with Thumbnails