wordpress counter

Со молотов коктел барал повеќе месо

Иако инцидентите во светот на храната се ретки, тоа не значи дека ги нема. Еден таков бизарен инцидент се случи минатата недела, во еден од рестораните на Тако Бел ланецот во Албани, САД.

Еден клиент нарачал јадење и кога стигнал дома забележал дека нема доволно месо во неговото „чалупи“. Ѝ се јавил на менаџерката на ресторанот да се пожали, но таа му одговорила дека не може ништо да стори бидејќи ресторанот се затвора.  На тоа, навредениот гостин се заканил дека ќе дојде и ќе го „преуреди“ нивниот ресторан. Кратко време по повикот, вработените виделе чад и забележале дека има пожар пред прозорецот за нарачки и повикале полиција.

Службените полициски лица пронашле пластично шише со течност кое сѐ уште горело, а било фрлено веднаш до знакот „Дојдете пробајте го новото XXL калупи, поголемо е подобро“. Поради лошата снимка на камерата пред ресторанот, не можеле  да го идентификуваат сторителот. Како и да е, оваа случка може да биде силна порака до сите угостители. А, тоа значи – да го испорачаат ветениот квалитет и големина на своите производи.

Related Posts with Thumbnails