wordpress counter

Стравови кои ги предизвикува храната

Мислевте дека фобиите се исклучиво врзани за отворен простор, пајаци или висина? Се лажете. Меѓу другото, постојат 10-тина фобии кои ги предизвикуваат разни плодови или типови на храна. Се надеваме дека нема да се пронајдете во списокот кој следи:

Ацерофобија – страв од кисела храна. Овие луѓе можат да добијат парализирачки страв од лимон или кисели бонбони.

Алектрофобија – станува збор за страв од пилешко месо. Којзнае колку пилиња навиваат да имаме ваква фобија.

Мукофобија – ако се плашите или имате сериозна аверзија кон печурките, тогаш боледувате од мукофобија.

Алиумфобија – или фобија од лук. Ако ја имате оваа фобија, секако не сте вампир. Овој страв се јавува кај сите оние кои не го сакаат неговиот интензивен вкус и мирис.

Арахибутирофобија – станува збор за страв дека путерот од кикиритки ќе ви се залепи за непцата и дека никогаш повеќе нема да можете да ја отворите устата. Претерано, во секој случај.

Карнофобија – ако сте вегетаријанци или јадете само зеленчук и овошје, можно е да имате развиено страв од месо и месни производи.

Чибофобија – ова е најстрашниот тип на фобија. Фобија од храна. Не знаеме како преживуваат луѓето кои патат од оваа фобија.

Геумофобија – оваа фобија ја уништува целата привлечност на храната, со оглед дека овие луѓе се плашат од вкусови.

Лаханофобија – многу деца и луѓе не сакаат зеленчук, но има такви што отворено се плашат да бидат во иста просторија со пиперки, праз или прокељ.

Магеирокофобија – веруваме дека повеќето луѓе „се вадат“ на оваа фобија – станува збор за страв од готвење.

Фагофобија – луѓето кои патат од оваа болест се плашат од голтање. По голтањето, добиваат нагон на блуење, па често погрешно се сметаат за булимичари.

Термофобија – станува збор за страв од врели јадења. Значи, заборавете на супа, топли предјадења и слични јадења. ●

Related Posts with Thumbnails