wordpress counter

Суеверието и храната

Колку пати ви се случило да се изнервирате кога ќе ви се разлее жолчката при пржење на јајца? Вие ќе се нервирате, но ако имате некој повозрасен покрај вас, ќе почне да ве убедува дека тој ден нема да ви биде добар.

Не е ништо невообичаено храната да зазема толку важно место во нашите животи, па дури да биде дел и од разни празни суеверија. Таа е една од основите работи за наше преживување. Поради тоа, има луѓе кои фрлаат сол зад себе кога ќе истурат некоја храна. Демек, да го избркале ѓаволот кој им се потсмева поради тоа што се невешти.

Веруваме дека секој од вас слушнал или барем еднаш во животот играл „јадец“. Овој обичај датира од Стариот Рим, кога иднината се прорекувала со коски на заклани животни. Да не зборуваме за лукот како оружје против вампири.

Слично се случува и со приборот за јадење. Ако се стават две лажици една во друга, тоа е ветување за брак. Ако се сакало да се напакости, се ставале вкрстени ножеви. Кинезите сметаат дека невнимателното оставање на стапчињата за јадење може да биде предзнак за смрт. Истото го сметаат ако некој ја преврти рибата додека ја јаде.

За Нова година, Шпанците јадат 12 зрна грозје со секое отчукување на часовникот на полноќ, за да им биде добра годината, додека Австријците јадат мали прасиња од марципан. Можеме вака да набројуваме до недоглед.

Related Posts with Thumbnails