wordpress counter

Тајните на славните личности (1 дел)

Една од најпознатите американски новинарки често е во друштво на најпознатите светски актерки, пејачки и уметници. Токму од тоа дружење и пријателство произлезе книгата The Black Book of Hollywood Diet Secrets.

Во оваа книга може да се запознаеме со азбуката на исхраната на повеќето ѕвезди од филмското платно. Ние, во неколку продолженија ќе се обидеме да ве запознаеме со нивните навики и тајни.

Аспарагус – славните се навлечени на него. Природен диуретик, кој помага при надуеност. Овен Вилсон, на пример, денот го започнува со двојна доза аспарагус и магданос.

Бенефибер – прашкаста супстанција со диететски влакна, која е ултра популарна. Помага при забрзување на метаболизмот.

Сини чинии – сината боја е таа која најмалку го зголемува апетитот. Според истражувањата, сина чинија = помалку храна.

Диетални пијалаци – според Џесика Алба и Парис Хилтон, тоа е најлесен начин на зголемување на тежината, бидејќи создава привидна состојба на задоволство и сметаме дека поради диеталните пијалаци можеме да јадеме повеќе.

Чај од глуварчеприроден диуретик кој го спречува задржувањето на вода во организмот. Најголеми фанови му се Гвинет Палтроу и Мадона.

Грејпфрут грејпфрутот влијае на ензимите во црниот дроб и на намалување на апетитот, покажуваат истражувањата и телата на Кармен Електра и Џенифер Лопез.

Related Posts with Thumbnails