wordpress counter

„Terra Cibus“ – екстремно зголемување на храната

Водена од грижата за природата и потеклото на лебот и храната, фотографката Карен Алперт, користи електронски микроскоп за да фотографира навистина инспиративни моменти кај храната. Нејзиниот проект на развивање поголема интимност со храната е наречен „Terra Cibus“ и е нејзин најголем проект во кариерата.

Со оглед дека нема научно образование, таа три месеци поминала во изучување и истражување на опремата која ќе ѝ биде потребна за да ги направи овие фотографии на микроскопско ниво.

Во врска со проектот, Алперт изјави: „Не знаев што ќе добијам кога го започнував овој проект. Не знаев ниту што сè може да се направи со електронски микроскоп. Но резултатот, поточно фотографиите, се неверојатни. Често е потребно да се погледнат два или три пати за да се открие што се наоѓа на нив“.

Поголем дел од нејзините дела се наоѓаат во „James Beard Foundation“ во Њујорк, а принтови може да купат преку нејзината веб страница.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

„All star“ натпревар на готвачи

Португалскиот готвач Нуњо Мендез ги собира светските готвачи во својот ресторан „Viajante“ во Лондон. Секоја вечер, во периодот од 25-ти...

Close