wordpress counter

Тест: Каква храна, таков изглед

Овој тест ќе открие дали јадете под стрес, дали сте емотивец или осаменик кога станува збор за храната. Одговорете на следните прашања и пронајдете на која категорија ѝ припаѓате.

Во најголем број случаи јадете многу и тоа само два вида продукти.
А. Точно
Б. Неточно

Понекогаш се грижам дека ќе останам гладен/а и дека ќе нема што да јадам.
А. Точно
Б. Неточно

Кога ми се јаде нешто, единствен начин да престане тоа чувство е да го изедам тоа.
А. Точно
Б. Неточно

Подготвен/а сум да возам неколку километри и да потрошам многу пари за храна која ми се јаде во моментот.
А. Точно
Б. Неточно

Се прејадувам само кога ќе почувствувам бес, нервоза или депресија.
А. Точно
Б. Неточно

Во истиот момент кога завршувам со јадење, започнувам да мислам што и каде ќе јадам следно.
А. Точно
Б. Неточно

Често јадам кога ми е досадно.
А. Точно
Б. Неточно

Понекогаш, најчесто кога сум тажен/на, чувствувам огромна глад која морам да ја смирам.
А. Точно
Б. Неточно

Непријатно ми е кога треба пред други да зборувам за моите чувства.
А. Точно
Б. Неточно

Би сакал/а да имам повеќе самодоверба и волја.
А. Точно
Б. Неточно

Токму во моментот кога луѓето ќе започнат да ми даваат комплименти дека сум ослабел/а, започнувам да ги враќам килограмите.
А. Точно
Б. Неточно

Најчесто се обидувам да ослабам поради партнерот, родителите или пријателите.
А. Точно
Б. Неточно

Уверен/а сум дека нема никогаш да ослабам. Судено ми е да имам вишок килограми.
А. Точно
Б. Неточно

Поради вишокот килограми се чувствувам како губитник.
А. Точно
Б. Неточно

Мислам дека никогаш немам доволно време да јадам како што треба и да вежбам.
А. Точно
Б. Неточно

Имам толку многу работа што мислам дека еден ден ќе се срушам од исцрпеност.
А. Точно
Б. Неточно

Ми изгледа дека колку повеќе се трудам на работа, толку помалку сум успешен/на.
А. Точно
Б. Неточно

Единствен период од денот кога се опуштам е кога јадам.
А. Точно
Б. Неточно

Храната секогаш успева да ми го крене расположението.
А. Точно
Б. Неточно

Тежината ми варира во согласност со годишните времиња.
А. Точно
Б. Неточно

Храната е едно од ретките задоволства кои ми се останати во животот и не сакам да се откажам од тоа.
А. Точно
Б. Неточно

Понекогаш, кога се чувствувам осамен/на, јадам сè што ќе ми дојде при рака.
А. Точно
Б. Неточно

Понекогаш, кога сум на диета, ми станува сеедно дали ќе загубам килограми и започнувам да се прејадувам.
А. Точно
Б. Неточно

Кога сум на диета, често ми се случува да се вратам на претходните етапи (најчесто храна без маснотии или јаглехидрати).
А. Точно
Б. Неточно

Ако сте одговориле А. Точно на 3 или повеќе прашања од 1-5, тогаш вие сте љубител на слатко.

Ако сте одговориле А. Точно на 3 или повеќе прашања од 6-10, тогаш вие сте емотивец.

Ако сте одговориле А. Точно на 3 или повеќе прашања од 11-15, тогаш вие сте осаменик.

Ако сте одговориле А. Точно на 3 или повеќе прашања од 16-20, тогаш вие јадете под стрес.

Ако сте одговориле А. Точно на 3 или повеќе прашања од 21-24, тогаш вие лесно се откажувате.

Љубител на слатко
Станува забор за луѓе кои имаат црно-бел тип на исхрана. Или сакате слатко или не. Се препознаваат уште кога ќе кажат која им е омилена храна. Ако сакате да ја одржите вашата тежина, морате да се откажете од повеќето слатки задоволства. Поголемата тежина кај овие луѓе често е резултат на некои нерешени, длабоко потиснати проблеми. Со ослободување од слатката храна, ќе се ослобoдите целосно.

Емотивци
Кога ќе почувствуваат неправда, обично ја полнат чинијата до врв. Со храната се обидуваат да го скријат тоа што биле предмет на неправда или тоа се случило на некој нивен близок. Тие на својот грб ја носат и својата, но и туѓата болка. Сакаат да им помагаат на луѓето, па често работат во училишта, социјални установи или болници. Токму поради тоа што често мислат на другите, започнуваат да добиваат на тежина. Колку повеќе се грижат за другите, толку стануваат поневнимателни за себе. За да се решат од овој проблем, времето на оброкот треба да си го посветат само на себе. Одлично ќе им дојдат и физичките вежби.

Осаменици
Тешко запознаваат нови луѓе. Сакаат да седат во друштво на блиски луѓе, помеѓу предмети кои им влеваат сигурност меѓу кои е и фрижидерот. Се чувстваат несфатено, па затоа најчесто си имаат свој свет. Имаат домашни миленици и дом полн со книги и филмови. Храната им е и пријател и утеха. Често еден дел од денот го поминуваат во готвење, а другиот на маса. Обидот да ги менуваат навиките ќе го сфатат како крај на светот. Поради тоа не ни помислуваат на здрави навики во исхраната. Најчесто јадат неколку јадења кои им се омилени или ги приготвуваат секогаш на истиот начин. Јадењето за нив е еден од најсветите настани.

Луѓе кои јадат под стрес
Овој тип на луѓе никогаш не внимаваат што и кога јадат. Нивното мени е целосно под влијание на нивниот дневен распоред. Нивното здравје пати токму поради тоа. Често и не чувствуваат стрес, но потсвесно телото бара начини да се ослободи од него. Овие луѓе тоа го прават на сосема погрешен начин. Единствен излез од оваа ситуација е кога ќе седнат да јадат да го исклучат својот мозок од сите обврски и да се посветат на храната. Само тогаш ќе започнат да внимаваат на тоа што го јадат.

Луѓе кои лесно се откажуваат
Ако се на диета брзо се откажуваат и ги враќаат килограмите. Доволно е само еден настан и целиот напор да излезе без резултат. На пример, забава на која ќе им замириса на храна. Овој тип на луѓе често го менуваат животниот стил, и тоа не поради нивно уверување, токму под влијание на други. Лесно може да се испровоцираат и да почнат да озборуваат. Секогаш повеќе ги слушаат другите отколку себе. Треба да работат на градење на нивната самодоверба и прво да решат што сакаат и зошто тоа го сакаат. За овие личности диетите не даваат резултат. Подобро е намалување на обемот или бројот на оброци и секако вежби. На тој начин ќе имаат многу помалку предизвици.

Related Posts with Thumbnails