wordpress counter

Торти во облик на вашето омилено кученце

Британската слаткарница „Cake Doggy Dog“, која ја води дизајнерската двојка Рик и Еди Лебо, изработува навистина посебни торти. Станува збор за торти во облик на вашето омилено домашно милениче.

Според пишувањето на „The Huffington Post“, за да се направи една торта, потребни се 10-15 часови напорна работа. Толку време е потребно бидејќи нарачателите често сакаат изгледот да биде автентичен со сите можни детали.

Според сопствениците, најнеобичното барање кое го добиле до сега е торта со волк во овчја кожа. А, сега, доаѓаме до најинтересниот, а за многумина и најважниот момент – цената на тортите. Верувале или не, без оглед дали станува збор за малтешка пудлица или германски овчар, тортата ќе ве чини 17.000 денари.

Не е многу, ако го сакате вашето домашно милениче. Или се лажеме?

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Коктели од лабораторија

Коктелите од лабораторија, или како што уште се нарекуваат молекуларни коктели, се едно навистина мултидимензионално искуство кое може да ги...

Close