wordpress counter

Вечерно излегување од соништата

Сите уживаме во вечерните излегување во кои најчесто знаеме да претераме. Ви нудиме неколку основни совети како тоа да не се случи и како да се чувствувате добро и во утринските часови.

ВИСТИНСКИ ИЗБОР НА ДРУШТВО
Секако дека не ви препорачуваме да излезете со нерасположени пријатели, но оние кои имаат причини да слават ќе ве натераат и вас да претерате. Според истражувањата, една многу среќна личност во вашето друштво, ќе ја зголеми можноста за опивање за цели 10%.

СВЕТЛА ГАРДЕРОБА
Светлата гардероба, додатоци и накит со летни бои и тонови ќе направи да се чувствувате поенергично и поисполнето, па поради тоа не ќе мора многу да пиете.

САМОКОНТРОЛА
Ова е сигурно најтешкиот совет за исполнување. Психолозите велат дека во таков случај е најдобро да бидете во друштво со друга личност која има самоконтрола или пак доволно е на вашиот мобилен телефон да погледнете фотографија од ваш пријател на чија самоконтрола се восхитувате.

ВКУСНА ДЕТОКСИКАЦИЈА
Доколку најдете аспарагус на менито, веднаш нарачајте го. Полн е со аминокиселини кои се важни за да го забрзаат метаболизмот на алкохолот. Не е битно дали ќе го консумирате пред или по пиењето.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ СТАПИЦИТЕ
Сите знаеме да започнеме со здрава исхрана во понеделник и вторник, но потоа ќе ни се случи некоја среда со полна пареа. Тоа е така бидејќи стапиците кои ни ги подготвува храната се на секој чекор. Затоа, внимавајте преку неделата на својот распоред на здрава исхрана. Тоа ќе ви помогне и за време на викендот да останете прибрани.

Related Posts with Thumbnails