wordpress counter

Верувале или не…

Во оваа статија ви претставуваме две неверојатни видеа. Едното се однесува на кинески готвач кој прави „нудлс“ со помош  на неверојатно брзи движења со своите раце, додека второто е како прославениот британски готвач Гордон Ремзи го руши светскиот рекорд на брзо чистење и сечење на лосос.

Првото видео е снимено во ресторанот „Mr. Chow“ во Лос Анџелес. Водителот на ултра популарното американско ТВ кулинарско шоу „Iron Chef“, Алтон Браун ни го претставува Дени Јип, кој е главен паста готвач во овој ресторан. Кога ќе погледнете како тој подготвува „нудлс“, ќе си речете: „Не! Ова не е возможно!“. Сепак, кон крајот на видеото има забавена снимка, на која можеби ќе ја разберете неговата магија.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=VzHtPyqUll0[/youtube]

На второто видео, Гордон Ремзи ќе ни го покаже човекот кој го држи светскиот рекорд на сечење лосос и кој во оваа видео, верувале или не, ќе исчисти и ќе пресече 40 парчиња лосос за само 1 минута и 24 секунди. Овој натпревар е снимен за шоуто „Cookalong Live“ и на него тој ќе го сруши својот светскиот рекорд, според Гинисовата книга на рекорди.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=bGJ6o09q0fQ[/youtube]

Related Posts with Thumbnails