wordpress counter

Видео: Изум кој ни беше на сите потребен

Сигурни сме дека секојдневно сите го имаме истиот проблем. Никогаш не сме во состојба кечапот и сите други продукти спакувани во тегли, шишенца и слични пакувања, да ги искористиме целосно. Тука стапуваат на сцена советите од мајки, татковци и баби – удирање на шишето одоздола, ставање малку вода во тегличките и слични потези кои на сите ни се проблем.

Но, конечно, на овие ситуации им дојде крајот! Научниците од Универзитетот „MIT“ го создадоа лакот „LiquiGlide“. Сè што е потребно е пред да се полни пакувањето, тоа да се премачка со оваа супстанца и сите продукти како кечап, мајонез, мармалад, џем или мед целосно може да излезат од амбалажата без да остават никаква трага на неа.

Покрај тоа што оваа супстанција ќе нѐ спаси од нервози, ќе овозможи и заштеда на употребата на пластика и помало загадување на животната средина. Може да се заштедат преку 25.000 тони пластика на годишно ниво, а околу милион тони храна наместо во кантата за отпадоци ќе завршат во нашите усти.

Погледнете како делува „LiquiGlide“:

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=djwahGRi5iE&feature=player_embedded[/youtube]

Related Posts with Thumbnails