wordpress counter

Видео: Скенер за потрошувачка кошничка

Денешниот тренд во купување на производи за јадење значи постојано читање и препрочитување на етикетите на самите продукти. Тоа е прилично напорна работа, а мошне често нема ниту доволно информации кои ни се потребни за да се решиме да го купиме производот.

Токму затоа, истражувачите на „Milton Keynes“ развија и тестираа еден ветувачки уред. Станува збор за „Lambent Shopping Trolley Handle“, минијатурен компјутер кој се поставува на самата потрошувачка кошничка, ги скенира производите и преку 12 различни ЛЕД бои и „смајли“ икони ви ги дава потребните податоци.

Инаку, уредот пред сè ја мери далечината од местото на производство до местото на продажба. Ако светат повеќето сијалички, тогаш значи дека тој производ поминал многу пат до вашата кошничка. Ако светат помалку, тогаш тој производ има улога и на заштитник на животната средина. Притоа, воопшто не е потребно да броите, туку сите вредности се релативни.

Покрај основната намена – а тоа е да се развива свест за купување на еколошки призводи, овој уред ќе ви даде и неопходни нутритивни податоци за продуктот кој сакате да го купите. Останува да видиме колку супермаркетите ќе дозволат вакви уреди да се монтираат на нивните кошнички. Одговорот го знаеме!

Како функционира овој уред можете да погледнете на следното видео:

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=BNXx9hzllNE[/youtube]

Related Posts with Thumbnails