wordpress counter

Видео: Како да отворите шише вино без отворач?

Виното е чест придружник на домашните ручеци или забави. Но, веројатно секому од нас му се случило во моментот да нема отворач за тапи при рака. Во тој момент започнува нервозата, се бараат начини како да се отвори шишето, а често се случува да ја уништите и гардеробата. Денес, ние ви претставуваме два интересни начини како да отворите вино без отворач.

Со штраф, штрафцигер и чекан
Ова е еден од наједноставните начини на извлекување на тапата од шишето. Го ставате штрафот во тапата, го навртувате со помош на штрафцигер и на крајот со другата страна од чеканот го извлекувате штрафот, заедно со  тапата. Ако ви звучи сложено, погледнето го видеото:

Со дрво
Овој начин е одличен за сите оние кои се наоѓаат на излет или некаде во природа. Сè што ви треба е еден пешкир, чаршаф или сличен материјал и едно дрво. Погледнете како тоа го прави овој мајстор.

Related Posts with Thumbnails