wordpress counter

Вили Вонка чокопарк

Од пред неколку дена, Пекинг го краси и вистински чоколаден парк. Во близина на „Птичјото гнездо“ (познатиот стадион на кој беа отворени Летните олимписки игри), на површина од преку 20.000 метри квадратни, изграден е вистински чокопарк. Онаков, каков можевме да видиме во филмот за Вили Вонка.

Во паркот има копии на кинескиот ѕид, кинески народни носии, војниците чувари на првиот кинески цар, чинии од династијата Минг. За да не се растопат, температурата постојано се контролира. Посетителите може слободно да прават и сопствени креации, па така еден вљубеник во БМВ автомобилите направи вистинско ремек дело.

Досега се потрошени преку 80.000 тони белгиско чоколадо, а останува да видиме уште колку ќе се потроши до април, кога ќе биде затворен паркот. Кинезите навистина знаат како да привлечат туристи. За разлика од некои други.

Related Posts with Thumbnails