wordpress counter

Виртуелен келнер

EPOS-lite ВИРТУЕЛЕН КЕЛНЕР

Овој уред особено ќе ги заинтересира редовните посетители на рестораните. Станува збор за EPOS-lite – ултра тенок гаџет кој е инспириран од дизајнот на MacBook Air и iPhone. Во основа, станува збор за ресторанска каса, со софтвер надополнет со менито и пијалаците на ресторанот, сликите и цените на оброците. Се полни и ажурира безжично.

Секој гостин во ресторанот го одбира својот омилен оброк од виртуелното мени, тој избор се појавува на дисплејот во кујната и на тој начин шефот на кујната има брза информација за тоа што треба да се подготви. Кога ќе заврши со јадењето, гостинот го одбира начинот на плаќање. На овој начин, се скратува времето на чекање во рестораните, се избегнува лошиот однос на келнерите, рестораните штедат на печатење на менија, се олеснува начинот на плаќање.

EPOS-lite ВИРТУЕЛЕН КЕЛНЕР

Но, мислењата на луѓето се дијаметрално спротивни. Од оние кои велат дека ова е совршен футуристички уред, до оние кои сметаат дека во рестораните со врвна услуга, незаменливо е значењето на персоналот. Како и да е, едно е сигурно – професијата келнер е во опасност.

Related Posts with Thumbnails