wordpress counter

Внимавајте! Голо пиво!

Тимур Салихов е руски дизајнер кој понуди едно навистина интересно пакување за пиво. Станува збор за лименка на која се гледа како изгледа пивото. Тој смета дека не е потребно да се крие изгледот на нешто што изгледа толку добро.

Овој дизајн веќе освои неколку награди за идентитет на бренд, меѓутоа ниту една компанија сè уште не се решила да го употреби. Нашето лично мислење е дека ова е паметен дизајн кој треба навистина да се употреби.

Инаку, Салихов е 31-годишен графички дизајнер и арт директор од Санкт Петерсбург. Повеќе од 10 години работи за важни меѓународни и руски клиенти како „Unicredit“, „Zurich Insurance“, „Bank Saint Petersburg“ и ред други.

Related Posts with Thumbnails