wordpress counter

Забранета реклама направи хит производ

Една реклама за „SodaStream“ го сврте светот на глава. Имено, англиската бродкаст компанија „Clearcast“ го забрани прикажувањето на рекламата, со образложение дека со тоа ги става во подредена состојба другите производители на сода и газирани пијалаци.

Станува збор за уред кој ја газира водата и на тој начин не мора повеќе да купувате сода или газирани пијалaци, со оглед дека тоа може да го направите за една секунда во вашиот дом.

Одговорните од компанијата оваа одлука ја нарекоа апсурдна. Интересно е дека таа реклама се појави на „Јутјуб“ и предизвика вистинска хаос на интернет. Продажбата расте вртоглаво, а овој уред е особено интересен за вљубениците во природата, со оглед дека нема да мораат да купуваат пијалаци во пластични шишиња со што се загадува животната средина.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Трендови во светот на храната за 2013 година

Според истражувањата на „The Food Channel“, следната година во светот на храната ќе доминираат следниве десет трендови: Повеќе чадена храна...

Close