wordpress counter

Започна веб серијата Cockta NEVERGREEN

Пред два месеци пишувавме за аудицијата за новата веб серија на Кокта. На аудицијата имаше пријавено повеќе од 500 кандидати за 6 слободни места. Помеѓу избраните се најде и нашиот Димитар Цветковски, во улогата на Кафка.

По два месеци, конечно, имаме можност да ја погледнеме и првата епизода од серијата чија премиера беше на 5-ти мај точно на полноќ. 

Приказната е мошне интересна. Се случува во Невергрин, град на мистериите, покриен со векови и векови темна историја. Откако алфа вампирот Наполеон ја презема контролата, градот живее мирно. Центар на сите настани е барот „Nevergreen“ каде на сите, смртни и бесмртни, им се точи еден посебен пијалак кој ги прави бесмртни. Но, еден ден работите ќе се сменат. По една забава на полна месечина, магичниот пијалак ќе го снема. А со тоа и посакуваниот мир…


Наредната епизода ќе може да ја погледнеме во понеделник, повторно на полноќ. Како што прилега на серија за вампири. Не можеме да дочекаме да го погледнеме продолжението и да уживаме во овој одличен маркетиншки потег на Кокта.

Related Posts with Thumbnails