wordpress counter

Затвор поради одгледување на зеленчук

Џули Бас е една од гласноговорничките за одгледување и поголема употреба на органска храна. Живее во Мичиген, САД. Својата љубов кон оваа храна решила да ја преточи во одгледување на зеленчук во градината на својата куќа. Не можела ниту да помисли на какви сѐ проблеми ќе наиде кога ќе се реши да ја претвори во дело својата идеја.

Имено, таа во својата градина насадила зелка, моркови, домати, краставици и различни зачини. Набрзо, почнале да стигнуваат поплаки дека го нагрдува соседството во кое живее. Според градскиот план, сите куќи во Оак Парк треба да имаат посадено трева пред куќата, на начин кој е прифатлив.

Поради тоа, на Бас ѝ е напишана казна и предупредување дека мора да ја тргне оттаму нејзината градина. Таа го одбила тоа, затоа што смета дека на својот имот може да одгледува органски зеленчук, кој инаку е многу скап да се купува.

Доколку случајот не се реши спогодбено, двете страни ќе одат на суд. На Бас ѝ се заканува казна од 93 дена затвор. Би било и повеќе од иронично, една еколошки освестена личност да оди во затвор, само поради тоа што решила, по примерот на првата дама на САД Мишел Обама, да одгледува зеленчук во својата градина.

Related Posts with Thumbnails