wordpress counter

Женска битка

СОФИ ДАЛ

Како и во секоја битка и во оваа имаме две страни: на една страна британска божица на готвењето Најџела Лосон, а во спротивниот дел од рингот нејзината млада соперничка Софи Дал.

Најџела остана запаметена по тоа што успехот на своето телевизиско готвење го направи преку посветување внимание на секој детал и секоја трошка од храната како и со блискоста и интимниот однос со секое јадење. Цели девет години супериорно владее со сликите на ниско калорични јадења и состојки. И да, смиреноста која ја шири прекрасно делува во неделните утрински часови.

Но, времето никогаш не стои во место. За нејзиното профитабилно место се појави конкурент. И тоа многу помладата девојка со атрактивни долги нозе, Софи Дал. Манекенката реши да си даде пауза и така изгладнета од модните писти слета во кујната. Нејзината нова книга „Сензуални уживања”, која е всушност готвач со рецепти бргу ја смести во конкурентите за позицијата на телевизиско готвење. Нејзиното познато семејство, интелигенција и носталгичен начин на пишување, се добра основа да стане успешна и во оваа област на современото живеење.

Related Posts with Thumbnails