wordpress counter

Зомби колачи

Лили Џоунс, сопственичка на слаткарницата Lily Vanilli во Лондон, подготви серија на посебни колачиња и торти за Halloween. Станува збор за линијата на колачи Zombi Cupcakes.

Лили била инспирирана од многу хорор и гротескни теми. Затоа, направила колачи во форма на чудовишта, гробници и гробишта, а не недостасуваат ниту крвта или разни делови од телото. Освен зомби декорација, во овие слатки се направени и нови комбинации од состојки како чоколадо и лаванда.

Своите нови слатки, госпоѓа Џоунс ги престави во својата нова книга, а може да се купуваат во познатaта стоковна куќа Херодс. Интересно е дека овие необични колачи се веќе ултра популарни и се дел од елитните забави во Лондон.

Related Posts with Thumbnails