wordpress counter

Зошто французинките се слаби?

ЗОШТО ФРАНЦУЗИНКИТЕ СЕ СЛАБИ?Сите знаеме дека Французинките отсекогаш изгледале добро. И ќе си речеме: „па добро, таква им е генетиката“. Грешка! Каква и да им е генетиката, овие жени јадат по најмалку три пати на ден, јадат леб и тестенини, уживаат во лесните алкохолни пијалаци, а вечерата ја сметаат за посебно задоволство. Замислете, и покрај ова тие се слаби. Веруваме дека им завидувате на слободата и уживањето во храната без последици по нивниот надворешен изглед.

Нема потреба повеќе да им завидувате. Французинките решија да го споделат системот на совршени трикови, кој стана толку популарен што се појави и книгата „Зошто Французинките не се здебелуваат“ од Мирел Џулијано, која ни ја приближува тајната на одличниот изглед.

Еве некои од тие трикови:

ЏВАКАЊЕ НА ХРАНАТА
Луѓето со прекумерна тежина најчесто не ја џвакаат доволно храната. Тоа значи дека стомакот треба повеќе да работи и се преоптоварува. А преоптоварениот стомак се шири…

КОЛИЧИНА
Ензимите за варење најдобро дејствуваат при помали количини на храна. Кога количината е поголема отколку што ензимите можат да преработат доаѓа до зголемување на тежината.

ТЕЧНОСТИ
Го подигнуваат нивото на шеќер во крвта многу брзо, бидејќи организмот први ги апсорбира. Чаша вино, вода и љубов ви е сосема доволно.

РЕДОВНОСТ
Нередовната исхрана го збунува организмот и го забавува метаболизмот.

БАЛАНСИРАНА ИСХРАНА
Дигестивниот систем дава најдобри резултати ако сите групи на храна се консумираат подеднакво, така што создавањето на ензимите се случува на природен начин.

Related Posts with Thumbnails