wordpress counter

10 славни личности и нивните навики (1 дел)

Дека славните личности полoвина живот го поминуваат во изгладнување, веќе не е никаква тајна. Оваа статија ја посветуваме токму на тоа: лошите навики на исхрана (без оглед кој ги применува) и какво влијание имаат по нас и нашето здравје.

Никол Ричи
Иако тврдеше дека не се лекува од анорексија, оваа дијагноза остана како сенка која не ја напушта. Започнала да се освестува дури откако неколку девојчиња во продавница за чевли, кога ја виделе, ја запрашале дали се чувствува добро, алудирајќи на нејзиниот лош изглед.

Мери Кејт Олсен
Годините поминати во постојан глад, на крајот завршија со опасна болест поради која Олсен мораше да замине на долго лекување. Вели дека единствен начин да се излечиш од таквата состојба е да се биде искрен со себе си. Како што вели таа: „Подобро е да знам, отколку да не знам“.

Марша Крос
Оваа очајна домаќинка го помина истиот пат. Долг период поминала во постојана борба да не јаде. Според неа: „Тоа беше како да живеам во пеколот“.

Лејди Гага
Ова е посебен случај. Не толку поради неа, туку поради нејзината мајка. Што да очекувате, ако таа изјавува: „Изгладнувањето е мошне важно. Поп ѕвездите не треба да јадат“!

Лејси Швимер
Со годни се бори против анорексијата. А, сѐ започнало со една неинтелигентна изјава на еден корегораф, кој ѝ рекол: „Камерата додава 4-5 килограми. Треба да преземеш нешто во врска со тоа“. Искрено, тоа што го презема само го уништи нејзиното здравје.

Related Posts with Thumbnails