wordpress counter

10 славни личности и нивните навики (2 дел)

На лошите прехранбени навики не се имуни ниту славните и познатите личности. Претходно видовме дека Никол Ричи и Мери Кејт Олсен имаат поминато години во гладување. Продолжуваме со Бејонсе, Џејми Присли, Али Шеди…

Џејми Присли
Во својата автобиографска книга откри дека долго време нејзината храна се состоела од два мафина и вода дневно. Во суштина бил еден мафин, но таа го кршела и сметала дека изела два. Коментар за оваа не е потребен.

Бејонсе
Мора да признаеме дека сега изгледа одлично. Но, дали знаете дека тоа е резултат на сиромашна исхрана која може да делува погубно по здравјето? Имено, девојката живеела цели 15 дена само на вода, кајен бибер и сируп од јавор. Како што и самата ќе признае: „Сите јадеа, а јас умирав. Не го пробувајте ова.“

Калиста Фолкхарт
Иако целата женска екипа од серијата „Ally McBeal“ трпела некакви проблеми, сепак, Флокхрат е една од ретките што призна дека боледува од анорексија. Имено, додека траело снимањето, работела по 15 часа на ден. Погодувате? Немала време за јадење. Потоа, откако завршило снимањето, паднала во депресија. И повторно на удар исхраната. Искрено, добро е што воопшто е жива.

Али Шеди
Булимијата и дојде како резултат на отровниот микс од вежби и кастинг директори и агенти кои ја терале да ослабе на почетокот на својата кариера. Дури во текот на 1999 година се почувствува дека победила и може да зборува за тоа.

Трејси Голд
Првпат заболела од анорексија на 12 години. Болеста се повторила кога имала 19 години. Сега има 41 година и дури пред 5 години успеа конечно да се спаси од таа болест.

Related Posts with Thumbnails