wordpress counter

10 земји во кои се јаде здраво (1 дел)

Познато е дека во некои земји населението има подолг животен век и многу помала телесна тежина во споредба со другите земји. Освен начинот на живот, на оваа состојба делува и начинот и видот на исхрана. Токму овој список ќе ги опфати земјите во кои се јаде здраво, со осврт на главните видови храна кои се консумираат од тамошното население.

Јапонија
Преовладува кељ, брокула и тиквички. Рибата и сојата се главни извори на протеини.

– процент на дебели луѓе: 1.5%
– очекувано траење на животот: 82 години

Сингапур
Во оваа земја месото е вистинска реткост. Доминираат оризот и зеленчукот, додека за десерт масата е полна со тропско овошје. Блазе ним.

– процент на дебели луѓе: 1.8%
– очекувано траење на животот: 82 години

Кина
Населението ужива во зеленчук и овошје, житарки и мешунки. Зелката, сојата, ѓумбирот и лукот ќе ги најдете на секој агол. Треба да се напомене дека кинезите своите оброци ги пржат само неколку секунди и на тој начин ги сочувуваат сите важни состојки.

– процент на дебели луѓе: 1.8%
– очекувано траење на животот: 73 години

Шведска
Млечни производи богати со калциум, леб од ‘рж, лосос, харинга и бобинки се само некои од причините што швеѓаните уживаат долго и квалитетно во животот.

– процент на дебели луѓе: 11%
– очекувано траење на животот: 81 години

Related Posts with Thumbnails